Ѕвездата на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара не одговори конкретно на прашањата за својата иднина.
Шпанскиот репрезентативец беше посочуван како сигурно ново засилување на Ливерпул, но трансферот се уште не е комплетиран.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во меѓувреме се појавија информации дека двата клуба од Манчестер се вклучиле во трката за неговиот потпис.
После синоќешниот меч помеѓу Германија и Шпанија во Лигата на нации, Тиаго даде дипломатски одговор на прашањето „Ливерпул или Манчестер?“
„Мислам само на следниот меч со Украина, после тоа ќе видиме. Инаку сум многу среќен во Баерн.Чао“.
Договорот на Алкантара со Баерн истекува следното лето, а Баварците потврдија дека Шпанецот не сака да го продолжи и сака да ја промени средната.
Thiago Alcántara Vs Germanypic.twitter.com/b3VtDoPt4q
— BNS Comps (@BnsComps) September 3, 2020