Дома Фудбал Италија Алисон флертува со Реал: Не кријам дека ми се допаѓа интересот…

Алисон флертува со Реал: Не кријам дека ми се допаѓа интересот…

alison

По одличната сезона која ја имаше голманот Алисон стана побарувана роба на европското фудбалско тло. Пласманот на Рома во четвртфналето во ЛШ дополнително ја подигнаа цената на бразилскиот чувар на мрежата, па затоа и не е чудно што во редот се ПСЖ, Ливерпул, Реал…

Се чини, сепак, дека на Алисон му се допаѓа фактот дека за него се интересира Реал, кој подолго време бара замена за Кејлор Навас.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Интересот на Реал ме прави среќен и тоа не можам да го сокријам“, истакна Алисон.

Но, во овој момент нема дилема каде сака да ја продолжи кариерата.

„Тоа се мали задоволства кои ја разубавуваат кариерата на секој играч. Среќен сум кога клубот или новинарите пишуваат убаво за мене, тоа значи дека добро си ја работам работата и дека тоа е пропратено на вистински начин. Замислете само кога ве следи клуб каков што е Реал… Но, сега сум фокусиран на Рома. Никогаш не сум се чувствувал потценето тука“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…