Дома Македонски спорт Алиоски: Не треба јас да сум мотивација за младите, повикот во репрезентацијата треба да биде мотив сам по себе!

Алиоски: Не треба јас да сум мотивација за младите, повикот во репрезентацијата треба да биде мотив сам по себе!

Од Тбилиси Јовица Симоноски

Репрезентацијата на Македонија утре ја очекува натпреварот против Грузија во рамките од последното коло во Лигата на Нации.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Противник на нашата селекција ќе биде Грузија со која во последните години одигравме неколку натпревари. Селекторот Благоја Милевски пред овој дуел се соочи со проблеми со повреди, а голем дел од фудбалерите и не беа во натпреварувачка форма во своите клубови.

Заедно со селекторот на прес-конференцијата пред овој дуел присуствуваше Езгјан Алиоски. Еден од грузиските новинари постави прашање до Алиоски дали се сеќава на овој стадион.

„Секако дека се сеќавам на овој стадион и на победата со која отидовме на ЕУРО. Знам дека не чека полн стадион, пеколна атмосфера, но не е важно дали ќе има полн стадион или нема да има навивачи, важно е што и како ќе одиграме на теренот“, одговори Џани па продолжи:

“Јас сум еден од постарите во репрезентацијата, но јас не сум потребен да мотивирам помладите. Со самиот повик во селекцијата сите треба да дадат 100 посто од своите можности и повикот е сам по себе мотив“

Атмосферата како и секогаш е одлична.

„Атмосферата е одлична во тимот, но ако победиме на еден вака важен меч атмосферата ќе биде уште подобра. Ќе го дадеме максимуот, ќе одиграме најдобро што можеме и се надевам на уште подобра атмосфера“, изјави Алиоски.

Натпреварот против Грузија го играме утре од 18:00 часот, а со оглед на тоа дека Грузија е лидер со 10 бода, додека ние сме втори со седум само победа ни е опција да останеме во игра за првата позиција во групата во последното коло. Ќе потсетиме, победникот од групата игра бараж за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.

Фото: Игор Паневски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…