Дома Фудбал Англија Алиоски: Бев готов да се откажам од фудбал, сега му се исполнија најголемите желби

Алиоски: Бев готов да се откажам од фудбал, сега му се исполнија најголемите желби

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски даде опширно интервју за швајцарските медиуми во кое зборуваше за својата кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алиоски зборуваше за почетоците, трансферот во Лидс, играњето во Премиер лигата и се потсети на најтешките моменти во кариерата.

„Два месеци бев без клуб, тоа беа тешки моменти за мене. Не знаев дали ќе можам да ги остварам зацртаните цели. Си помислив толку е, нема место за мене во фудбалот. Моите родители беа единствени кои му дадоа поддршка. Секогаш ќе им бидам благодарен. Тие не сакаа пари, но затоа во знак на благодарност им подарив автомобил откако потпишав договор со Лидс“, открива Алиоски.

„За оваа година имав две големи желби: Со Лидс да обезбедам промоција во Премиер лигата и со националниот тим да се пласирам на Европското првенство. И двете желби ми се исполнија. Тоа беше најголемиот успех на нашата држава. Луѓето излегоа на улиците, славеа, штета што не можевме да славиме заедно со нив“, вели Џани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…