Дома Трансфер зона Алжирските медиуми пренесуваат: Арсенал подготвува понуда за Марез!

Алжирските медиуми пренесуваат: Арсенал подготвува понуда за Марез!

Според алжирските медиуми, тимот на Арсенал подготвува нов напад најдобриот фудбалер во Премиер лигата од пред неколку сезони.

Алжирскиот медиум „Lebuteur.com“ пишува дека постојат можности Ријад Марез да го напушти Лестер веќе оваа зима, а следна дестинација би можел да биде Арсенал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лондонскиот клуб не криеше дека го сака Марез. „Топџиите“ се обидуваа да го доведат и минатото лето, но управата на „лисиците“ не сакаше да го пушти Алжирецот за помалку од 50 милиони евра.

Истиот извор наведува дека управата на клубот од Лондон веќе подготвува понуда за Алжирецот.

Се шпекулира дека понудата ќе биде поголема од онаа во текот на летото. Исто така се проценува дека оваа приказна својот крај може да го добие пред крајот на преодниот рок.

Марез не е на нивото од минатите сезони, но во последно време успеа да ја подигне формата. Подели шест асистенции, а беше стрелец и на шест погодоци оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …