Дома Трансфер зона Алекс Сандро на чекор од трансфер на „Олд Трафорд“

Алекс Сандро на чекор од трансфер на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед е многу блиску до комплетирање на трансферот на Алекс Сандро од Јувентус, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилскиот лев бек е примарна трансфер цел на Жозе Мурињо, а најновите информации тврдат дека двете страни се многу блиску до договор.

Лук Шоу и Матео Дармијан ќе го напуштат „Олд Трафорд“ ова лето, па поради тоа „Специјалниот“ сака да донесе врвен лев бек.

Конкуренцијата за Алекс Сандро беше голема бидејќи Бразилецот беше на радарот на ПСЖ и Челзи, но на крајот „црвените ѓаволи“ успеаа да го убедат да го избере Манчестер Јунајтед.

Јувентус нема проблем да се раздели со Алекс Сандро доколку пристигне понуда од 60 милиони евра, а токму таа сума се спремни да ја платат „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…