Дома Трансфер зона Алексис Санчез сака што побрзо да си оди – им се нуди на сите!

Алексис Санчез сака што побрзо да си оди – им се нуди на сите!

Чилеанецот Алексис Санчез на почетокот на оваа година потпиша за Манчестер Јунајтед и беше најавуван како големо засилување.

Мурињо го доведе од Арсенал за 34 милиони евра, но не прикажува настапи какви што се очекуваше од него. Како што пишува каталонски „Спорт“, Санчез сака да го напушти Манчестер Јунајтед точно една година откако пристигна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, Санчез го известил својот менаџер Фернандо Феличевич да му пронајде нов клуб. Бил понуден на ПСЖ, но тие не биле заинтересирани, па сега според информациите е свртен кон Реал Мадрид кој е во потрага по квалитетен напаѓач.

Шпанците пишуваат дека Санчез бил понуден на Реал, но дека преговорите се уште не се започнати.

Поранешниот напаѓач на Барселона и Арсенал е моментално најплатен фудбалер во Премиер лигата, па поради тоа и Манчестер Јунајтед нема проблем да се раздели со него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…