Во првото коло од престојната натпреварувачка сезона во македонското првенство, Навико Академија ФМП му гостува на дебитантот во лигата, екипата на КК Феникс 2010. Нашиот тим после долгите подготовки и одиграни пријателски натпревари е спремен за новата сезона каде што ќе се натпреварува на два фронта, во домашното првенство и БИБЛ Лигата.
„Очекувам добар натпревар и добар почеток на сезоната, после два месеци припреми со нетрпение го очекуваме почетокот на сезоната. Имаме една година повеќе искуство во лигата и новите играчи одлично се вклопија во новата средина.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Задоволен сум од досегашната работа на играчите и од прикажаното во подготвителниот период. Очекувам добра сезона која треба да биде понапорна од претходната, бидејки настапуваме на два фронта Посакувам успешно да ја отвориме сезоната во сабота.“ – изјави тренерот Александар Петориќ кој е задоволен од своите играчи за време на подготовките.
Славчо Темелковски кој настапува 2-ра година по ред за нашиот тим гарантира дека пред нив е еден возбудлив и интересен натпревар за публиката и дека ќе уживаат во добра кошарка.
„Играме против екипа која за првпат настапува во првата лига и сигурни сме дека ќе влезат многу мотивирани и со енергија. Станува збор за екипа која игра модерна и брза кошарка со организирана транзиција во напад и борба за секоја топка. Сепак на наша страна е квалитетот и искуството на екипата надополнета со нашата препознатлива енергија и цврста одбрана. Треба да обрнеме внимание на скок играта и дефанзивната транзиција и сметам дека победата е неизбежна.
Едно можам да гарантирам, а тоа е дека не очекува возбудлив и интересен натпревар за публиката и дека ќе уживаат во добра кошарка.“