Дома Фудбал Англија Алегри учи англиски, Јунајтед доби конкуренција за неговиот потпис

Алегри учи англиски, Јунајтед доби конкуренција за неговиот потпис

Италијанскиот стартег Масимилиано Алегри моментално е без ангажман по заминувањето од Јувентус, а негова следна дестинација најверојатно ќе биде Премиер лигата.

Неговото име силно се поврзува со клупата на Манчестер Јунајтед, а сега „црвените ѓаволи“ добија конкуренција за неговиот потпис.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Имено, Евертон будно ја следи ситуацијата околу Алегри и сака да го доведе како замена за Марко Силва.

Доколку клубот од Ливерпул се раздели со Марко Силва, веднаш ќе стапи во контакт со 52-годишниот Италијанец, кој призна дека интензивно учи англиски јазик.

Евертон катастрофално ја отвори сезоната. По осум кола се дури на 18-то место со само 7 бода и катастрофална ефикасност со просек помал од еден гол по натпревар.

Секако, доколку до Италијанецот пристигнат двете понуди, многу поверојатно е дека ќе избере да се пресели на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мајнц го шокираше Баерн

Мајнц со два гола на Корецот Ли Јае-Сунг, го изненади Баерн Минхен со 2-1 во дуел од герма…