Дома Фудбал Италија Алегри предупредил четворица? – Во Јувентус никој не е недопирлив!

Алегри предупредил четворица? – Во Јувентус никој не е недопирлив!

alegri

Масимилијано Алегри ги има сите фудбалери на располагање, пред Јувентус следи можеби најважниот период во сезоната, но постои ли во соблекувалната одредена нетрпеливост?

Кога сите помислија дека „старата дама“ влегува во посакуваната форма, следеше ремито во Лигата на шампионите против Спортинг. Токму во овој натпревар, првата ѕвезда на тимот Паоло Дибала наводно добил последно предупредување за неговото однесување.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што пишува „Тутоспорт“ Дибала реагирал откако бил заменет во споменатиот натпревар. Реномираниот медиум наведува дека доколку Дибала во следните натпревари го повтори таквото однесување ќе биде парично казнет, а можеби и испратен на трибините.

Сепак, наводно, Дибала не бил единствениот кој бил предупреден тука се уште Алекс Сандро, Марио Манџукиќ и Даглас Коста. Алегри во соблекувалната соопштил дека никој не е недопирлив и дека има доволен број на фудбалери.

Покрај тоа се појавија и проблеми со одредени коментари на сопругата на Клаудио Маркизио. Италијанецот кој е икона на Јувентус го загуби своето место во тимот после повредата минатата сезона и оваа сезона одигра само 76 минути.

Алегри сега ги има сите фудбалери на располагање, против Беневенто би можел да дебитира Ховедес, а со тренинзи започна и Пјаца па во утрешниот натпревар против најслабиот тим во лигата можеби ќе видиме фудбалери кои оваа сезона не добија многу прилика да се докажат.

Потоа Јуве го чека дербито со Барселона, како и Интер, гостување во Сампдорија и Наполи, пред нив е исклучително важен период и јасно е дека некои работи би требало да изгледаат подобро.

Познато е дека во Јувентус не прават компромис, клубот секогаш е на прво место, а последен пример беше Леонардо Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…