Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри откри дека напаѓачот Душан Влаховиќ е спремен за игра за утрешниот меч против Лацио во Купот.
Меѓутоа, Алегри исто така потврди дека Погба се здобил со нова повреда, овој пат мускулна и нема да биде на располагање за утрешниот меч.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Составот ќе го изберам утре. Освен Бонучи, другиот играч кој не е на располагање е Погба, кој има мускулна повреда. Влаховиќ е спремен и со сигурност ќе биде во стартниот состав“, изјави Алегри.
„Погба нема играно натпревар од април минатата година, треба време за да влезеш во форма со толку долга пауза. Неговото тело треба да се адаптира на тренинзите, се надевам дека новата повреда не е многу сериозна“, додаде Алегри.
Allegri: “Bonucci is still out, Pogba won’t be available due to a sore muscle. Vlahovic should play from the start tomorrow. Cuadrado is doing well, he’s back, McKennie wanted to leave the club. Chiesa will be evaluated.” #JuveLazio pic.twitter.com/NdlcDzIVso
— JuveFC (@juvefcdotcom) February 1, 2023