Oвој викенд започнува новата сезона во италијанската Серија А во која тимот на Јувентус кој владее во последните седум години ќе ја брани титулата.
Кристиано Роналдо е убедливо најплатен помеѓу фудбалерите со годишна плата од 30 милиони евра по сезона, а каква е ситуацијата кај тренерите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Очекувано, човекот кој ќе го тренира Роналдо, Масимилијано Алегри е најплатен со 7.5 милиони евра по сезона.
Зад Алегри следи Анчелоти од Наполи со шест милиони евра, а првата „тројка“ ја затвара Лучијано Спалети од Интер со плата од 4.5 милиони евра.
На четвртата позиција е Еусебио Ди Франческо (Рома) со три милиони евра, на петото Валтер Мацари (Торино) 2.2 милиони евра, па Гатузо (Милан) со два милиони евра по сезона и Симоне Инзаги (Лацио) 1.2 милиони евра по сезона.
? Gli allenatori più pagati della Serie A? Ancelotti al secondo posto? Sorpresa Mazzarri? http://bit.ly/SerieA_Allenatori
Gepostet von Sky Sport am Donnerstag, 16. August 2018