Дома Фудбал Италија Алегри не го напушта Јувентус ниту за милионите од Саудиска Арабија

Алегри не го напушта Јувентус ниту за милионите од Саудиска Арабија

Масимилијано Алегри нема да го напушти Јувентус ниту за милионите од Саудиска Арабија.

Навивачите на „старата дама“ подолг период не се задоволни од работата на Алегри, посебно поради неговиот дефанзивен стил на игра и голем дел од нив бараа негово заминување. Шанса за промена на клупата се појави со понуда од Саудиска Арабија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ал-Хилал се обидел со плата четири пати од онаа што ја заработува во Торино да го убеди Алегри да ја напушти Европа, но одоговорот на Италијанецот бил негативен.

Алегри во Јувентус заработува седум милиони евра и имал прилика за многу поголема заработка, меѓутоа одлучил да каже „не“.

Овој втор мандат во Јувентус, Алегри го започна во 2021 година, а сезонава поради казната со одземени 10 бода тимот заврши на седмата позиција и наредната сезона ќе игра во Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тренерот на Тотенхем: 99% од фановите сакаат да загубиме од Сити

Тренерот на Тотенхем, Постекоглу, не може да поверува дека 99 проценти од фановите на него…