Дома Фудбал Алегри најави казна за Даглас Коста

Алегри најави казна за Даглас Коста

Бразилецот Даглас Коста вчера против Сасуоло направи грозоморен потег, плукајќи играч на противничкиот тим.

Коста поради овој потег доби директен црвен картон и ќе биде суспендиран на три натпревари.

После натпреварот упати извинување до сите, а тренерот на Старата дама, Алегри беше лут поради неговата глупост.

„Ќе го казниме Коста, со овој потег заслужува да биде казнет. Изненаден сум од неговата реакција, а ние примивме погодок, добивме црвен картон и суспензија која ќе потрае.“ – изјави Алегри.

Јувентус славеше со 2;1, а двата гола ги постигна Кристијано Роналдо и Старата дама е со стопроцентен ефект на почетокот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…