Дома Фудбал Алегри застана во одбрана на Буфон: Тој е пример за спортист!

Алегри застана во одбрана на Буфон: Тој е пример за спортист!

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри застана во одбрана на Џанлуиџи Буфон, кој заработи црвен картон на мечот против Реал Мадрид.

Буфон бурно реагираше и после мечот упати жестоки критики кон судијата Оливер и го нарече „ѓубре од човек“.

Алегри е лут поради критиките кои се изрекоа на адреса на Буфон и вели дека тој е пример за спортист во последните 20 години.

„Секогаш е лесно да се суди од страна. Буфон во последните 20 години беше пример за тоа како човек треба да се однесува на теренот и надвор од него“, истакна Алегри.

„Јасно е дека му беше тешко, не само поради пеналот, туку и исклучувањето кое го спречи да се обиде да го одбрани пеналот на Роналдо. Убаво е да се седи во фотеља и да се осудува без да се земе предвид психолошкиот момент. Не го обвинувам судијата, го загуби компасот по одличниот натпревар”, додаде Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал го следи Тресолди: Младиот голгетер привлекува сè поголемо внимание

Николо Тресолди е на радарот на Арсенал, но Клуб Бриж не планира јануарска продажба и бара…