Дома Фудбал Италија Алегри го напушта Јувентус – познат неговиот наследник

Алегри го напушта Јувентус – познат неговиот наследник

Алегри веќе донел конечна одлука, па Јувентус без разлика на исходот на сезоната ќе бара нов тренер на лето.

Имено, Макс Алегри според тврдењата на италијанските медиуми веќе го известил клубот дека неговиот циклус е завршен и дека по пет години ќе го напушти Торино.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Алегри освои четири двојни круни, играше две финалиња во Лигата на шампионите, на пат е кон ново Скудето, а останува да се види дали ќе успее да го подигне најзначајниот фудбалски трофеј, оној во Лигата на шампиони.

Меѓутоа, „Тутоспорт“ тврди дека без разлика дали ќе триумфира во Лигата на шампиони, или не, Алегри во секој случај на крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на „старата дама“ и ќе бара нов предизвик.

Поради тоа Јувентус веќе ја започна потрагата по нов тренер. Зидан беше прв избор, но Французинот избра да се врати на „Сантиаго Бернабеу“.

Пеп Гвардиола и Јирген Клоп се „невозможни мисии“ во овој момент, па „бјанконерите“ се насочиле кон Дидие Дешамп, кој во моментов е во пол-позиција.

Дешамп, кој е актуелен селектор на Франција, веќе имаше еден мандат на клупата на Јувентус, кога се натпрваруваше во Серија Б и со него експресно се врати во елитата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Романо тврди: Милан има фаворит за наследник на Пиоли

Како што стојат работите, Стефано Пиоли нема да го гледаме на клупата на Милан следната се…