Дома Фудбал Алегри го напушта Јувентус, познат наследникот

Алегри го напушта Јувентус, познат наследникот

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус, а раководството веќе има фаворит за негов наследник.

Јувентус последен пат славеше на 25 февруари против Фросиноне, оттогаш освои само два бода во ремито со Аталанта и Џенова, а Алегри сега повторно e мета на критики.

Во Јувентус се убедени дека Тиаго Мота е идеална замена за Алегри, бидејќи во Болоња се помовираше во еден од најдобрите тренери во Серија А.

Мота сезонава покажа дека е подготвен за големи работи, но ако Болоња обезбеди пласман во Лигата на шампионите, прашање е дали ќе сака да го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски останува на курсот на подмладување, од Елмас очекува лидерство

Селекторот не отстапува од смената на генерации и покрај резултатската криза. Ноемвриските…