Дани Алвеш допатува денес во Париз на лекарски прегледи откако би требало да потпише за ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилецот по само една сезона го напушти Јувентис, а иако се договори со Манчестер Сити, сепак на крајот одлуката падна на ПСЖ.
Алвеш пристигна на лекарски прегледи и наскоро би требало и официјално да биде претставен како ново засилување на францускиот тим.
Меѓутоа, на Твитер се појави информација која говори дека Алавеш веќе успеа да ги налути челниците на клубот, но и навивачите. Имено, Алавеш побарал да го носи дресот со број 61, притоа алудирајќи на поразот на ПСЖ од Барселона во Лигата на шампионите.
