Бразилскиот фудбалер, Дани Алвеш минатото лето го напушти Јувентус по само една сезона и одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на ПСЖ.
Алвеш во Јуве пристигна од Барселона, но ги шокираше навивачите на овој клуб кога по само една сезона одлучи да ја напушти „Старата дама“ и да се пресели во ПСЖ. Бразилецот повеќе не е така омилен кај навивачите на Јувентус, а изгледа дека се обидува на сите начини да стане еден од најобразените лица во Торино.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Бразилецот се огласи откако што ПСЖ испадна од Лигата на Шампионите и порача дека му е мило што Јуве помина во четвртфиналето. Исто така, Алвеш повторно го „пецна“ поранешниот клуб со изјава дека Паоло Диабала мора да го напушти Јуве доколку сака да напредува.
„Диабала мора да си замине од Јувентус, не знам кога, но ако сака да напредува мора да го направи тоа. Тој игра одлично, но потребни му се поголеми предизвици од предизвиците во Јувентус. Се разбира, ПСЖ би бил добар избор за него“, изјави Алвеш.