Пред реваншот помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ на конференцијата за медиуми, Дани Алвеш доби прашање за смртта на капитенот на Фиорентина Дани Алвеш.
Алвеш на стартот испрати сочуство до неговите најблиски, но во продолжение на одговорот кажа нешто што предизвика огромни реакции во медиумите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, Бразилецот тогаш кажа дека жали за Астори но и додаде дека илијадници деца умираат дневно, па тие не добиваат внимание како капитенот на Фиорентина. Ваквата изјава на Алвеш го налути Марио Балотели кој му порача дека во вакви моменти таквите зборови треба да си ги задржи за себе.
Токму денес кога и се случуваше погребот на Астори, Алвеш почуствува потреба да објасни што всушност сакал да каже.
„Кога Балотелињо зборува се е кажано. Навистина немав намера да повредам некого, денес живеевме во свет каде што треба да си лицемерен за да му се допаднеш на некого. Сепак, се извинувам, како што кажав, не сакав да повредам никого“, напиша Алвеш на својот Твитер профил.
Se o o Balotelinho falou tá falado, não tive intenção de ofender a ninguém, vivo em mundo que temos que ser hipócrita muitas vezes para que as pessoas gostem de ti but sorry ma people…. enfim, se alguém se sentiu ofendido, desculpaaa. https://t.co/L03x0HHZ39
— Daniel Alves (@DaniAlvesD2) March 8, 2018