Дома Топ вести Алвеш: Дојдов во ПСЖ да бидам шампион, извинете Сити и Гвардиола

Алвеш: Дојдов во ПСЖ да бидам шампион, извинете Сити и Гвардиола

Бразилецот Дани Алвеш официјално го потврди својот трансфер во ПСЖ каде според договорот ќе остане две години.

Парижаните успеаа да го донесат во своите редови, иако за него најголем интерес имаше Пеп Гвардиола.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сити на Алавеш му понуди 130.000 фунти неделни примања, но во ПСЖ тоа ќе изнесува 220.000.

На денешното претставување пред медиумите, Алавеш ја искористи прилика да им се извини на Сити и Гвардиола и потенцираше дека е дојден да биде шампион.

„Она што пресуди е интересниот проект на ПСЖ, и покрај тоа што точно е тоа дека Сити имаше интерес. За таа цел, јас им се извинувам на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола доколку со овој трансфер се чувствуваат изневерени, но јас дојдов да бидам шампион во ПСЖ“, истакна Алвеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонија направи чекор назад на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа која ќе биде објавена н…