Дома Фудбал Алвес: Ако сега имам еден, два или три милиони повеќе ништо нема да ми значат, спомените остануваат

Алвес: Ако сега имам еден, два или три милиони повеќе ништо нема да ми значат, спомените остануваат

Дани Алвес минатиот месец се врати во Барселона и прифати да игра за најниската дозволена плата.

Легендарниот Бразилец ќе игра во Барселона која е во голема финансиска криза и ќе заработува околу 150.000 евра по сезона. Некогаш во истиот клуб заработуваше милиони, а сега објасни зошто прифатил да игра за такви финансиски услови.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Целиот фудбалски свет е фокусиран само на пари, но јас не сум. Знаето зошто? Зошто претходно не сум имал пари и знам што тоа значи. Ако сега имам еден, два или три милиони повеќе тоа нема да ми значи ништо“.

„Дали во животот е важно да имаме јахти, приватни авиони, скапоцени автомобили? Ништо од тоа нема да носиме со себе кога ќе заминеме од овој свет. Единствено што останува се спомените и сеќавањето на убавите моменти“, порача Алвес.

Во клубот е вратен за да помогне во тешката ситуација.

„И Чави и јас одлучивме да се вратиме кога сме потребни на клубот, двајцата поминавме низ слични ситуации и знаеме што значи. Чави како играч неколку пати искуси нешто слично на ова. Потоа искуси и нешто грандиозно и преубаво, сега како тренер се враќа во деликатен момент“, истакна Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Човек кој чува овци не може да има авторитет врз судијата што ја оштети Звезда”

Фудбалерите на Црвена звезда беа поразени од тимот на Милан со 1-2, во рамките на шестото …