Дома Фудбал Алба за ситуацијата на Реал: Доколку бевме на нивно место во Каталонија би не стрелале

Алба за ситуацијата на Реал: Доколку бевме на нивно место во Каталонија би не стрелале

Низ историјата навистина е навистина тешко да се најде ваква ситуација…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонските медиуми после поразот на Реал Мадрид од Виљареал со задоволство истакнуваат дека нивниот најголем ривал е поблиску до зоната за испаѓање отколку до Барселона.

Имено, Реал се наоѓа на +16 во однос на зоната за испаѓање. Тони Крос веќе го призна поразот и смета дека за нив сега најдобро е да се насочат кон Лигата на шампионите. Од друга страна она што ретко се споменува се резултатите на Виљареал и Севиља кои се блиску до четвртото место на кое се наоѓа гигантот од Мадрид.

Во Барса се уште излегуваат со изјави дека Реал не смее да биде отпишан, но посебно интересна беше изјавата на Жорди Алба.

„Нив им е добро, доколку нас би ни се случило да заостануваме 19 бодови зад Реал, веројатно во Каталонија би не стрелале“, сликовито објасни левиот бек на Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…