Новак Ѓоковиќ и понатаму реди успеси и за многумина тој е најдобриот тенисер во историјата, но низ кариерата и тој се соочувал со разни проблеми.
На социјалните мрежи се појави видео од интервју на неговата мајка во кое таа зборува дека албанската мафија му се заканувала на Новак.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во 2009 година во Лондон бевме чувани од страна на Сколтанд Јард. Причината беше што добивме закани од Албанската мафија поради фактот што мојот син јавно ја поддржуваше акцијата „Косово е Србија“. Нормалнно дека ни беше страв. Сите се прашуваа подоцна како загуби од Марат Сафин, меѓутоа никој не знаеше под каков притисок е во тие моменти“, изјави мајката на српскиот тенисер.