Порталот „Оф.нет“ започна акција секој кој сака да добие сликичка од Мрме и да ја залепи на местото каде што пишува „северна“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
“Да испечатиме сликици со ликот на Мрме и да ги делиме наоколу. Предлогот прифатен! Поради заштитена марка нема да може да биде Панини и да го има официјалното лого на ЕП 2020, ама сè друго е исто. Испечативме неколку илјади сликици со Мрме кои се пуштени по трафиките, а ако некој се занимава со дистрибуција и по другите места во Македонија и сака да учествува во оваа акција за покривање на грдотијата со човекот кој заслужил ликот да му стои до името на нашата татковина, нека ни пише на меил или на Фејсбук, ќе се договориме да му дадеме пачки и да ги подели“, порачуваат колегите од „Оф.нет“.
Исто така потенцираат дека сликичката е бесплатна.
