Жозе Мурињо во вторникот заработи отказ од Манчестер Јунајтед, а вчера него го наследи Оле Гунар Солскјер.
Норвежанецот пристигна од Молде и потпиша договор од крајот на сезоната. Но, една ставка од договорот со Норвежанецот открива дека на „Олд Трафорд“ имаат големи очекувања од него.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, како што пренесува „Скај Спорт“ Манчестер Јунајтед договорил оштета со Молде за својот нов тренер да добие повеќегодишен договор во Манчестер.
Секако, таа оштета се уште нема да ја плаќаат. Договорена е сума од осум милиони евра која Молде ќе ја добие ако Солскјер добие нов договор на „Олд Трафорд“.
Останува да видиме дали Солскјер ќе ја натера управата на „ѓаволите“ на такво нешто наредното лето.