Maнчестер Јунајтед би имал имал фантастична сезона под еден услов – секој викенд да игра против најдобрите клубови во Премиер лигата.
Просто неверојатно колку екипата на Оле Гунар Солскјер игра добро против фаворитите оваа сезона, а колку се лоши кога играат со екипи полоши од нив. „Црвените ѓаволи“ после 18 кола се наоѓаат на 18. позиција
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кога ќе се погледне табелата само на првите осум премиерлигашки клубови, Јунајтед би засотанувал зад Ливерпул само еден бод. Тоа е така затоа што до сега го победија Челзи (4:0), Манчестер Сити (2:1), Лестер (1:0) и Тотенхем (2:1) во првиот дел од сезоната.
Исто така ремизираа со Шефилд (3:3) и Вулверхемптон (1:1) тимови кои се подобро пласирани од Јунајтед во овој момент. Воедно Јунајтед е единствената екипа во Англија која му одзема бодови на Ливерпул. Тоа беше во ноември на „Олд Трафорд“ (1:1).
Причината поради која Јунајтед оваа сезона на очајното за нив осмо место шокантниот учинок против тимовите од долниот дел на табелата.
На импровизираната табела на екипи подоле од осмата позиција Јунајтед го има третиот најлош пласман. Јунајтед победи само на два натпревари од вкупно 11 против послабо рангираните, има уште четири нерешени натпревари и пет порази.
Петтиот пораз дојде минатиот викенд против Вотфорд (2:0). Изгубија уште Кристал Палас (2:1), Вест Хем (2:1, Њукасл (1:0) и Бурнемоут (1:0). Двете победи против послаби екипи ги забележаа против Брајтон и Норвич со по 3:1.