Дома Топ вести Ако Тонали замине, Милан купува две ѕвезди од Серија А

Ако Тонали замине, Милан купува две ѕвезди од Серија А

Њукасл е силно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Сандро Тонали и нема да жали пари за да го доведе во своите редови.

Милан ја одби првата понуда од 65 милиони евра, но италијанските медиуми пренесуваат дека е спремен да го продаде за 80 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Њукасл во наредните денови ќе испрати нова понуда од 75 милиони евра, па сега се е во рацете на Тонали, кој треба да одлучи за трансферот.

Доколку Тонали замине, Милан ќе има буџет да купи две ѕвезди од Серија А, Милинковиќ-Савиќ од Лацио и Давиде Фратези од Сасуоло.

Фратезе важи за еден од најголемите италијански таленти и е на мета на сите големи клубови во Серија А.

Милинковиќ-Савиќ ова лето сигурно ќе го напушти Лацио бидејќи влезе во последната година од договорот, а неговата цена е 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…