Дома Трансфер зона Ако се прашуваше Јувентус, Пјаниќ ќе го продадеше во друг клуб

Ако се прашуваше Јувентус, Пјаниќ ќе го продадеше во друг клуб

Миралем Пјаниќ се поврзуваше со трансфер во неколку европски гиганти, се спомнуваа ПСЖ, Манчестер Јунајтед, а на крајот заврши во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пјаниќ заврши во Барселона како дел од голема трампа, така што Артур се пресели во Торино.

Ако се прашуваше Јувентус, денес Пјаниќ ќе играше во Челзи, тврдат италијанските медиуми.

Имено, „старата дама“ била во напредни преговори со Челзи за трампа според која Пјаниќ требаше да се пресели во Лондон, а Јувентус да го добие потписот на Жоржињо.

Пјаниќ имал и богата понуда од Пари Сент Жермен, сепак, негов прв избор бил Барселона.

„Да, вистина е дека Јувентус му предложи размена на Челзи. Пјаниќ требаше да дојде во Лондон, а во спротивен правец да заврши Жоржињо“, потврди извор за „Скај Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…