Иднината на Кристиано Роналдо во Јувентус не е сигурна и Португалецот до крајот на преодниот рок може да го напушти клубот.
Доколку Роналдо замине, прва желба на тренерот Алегри е напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Икарди не добива голема минутажа, па и самиот сака да ја промени средината. Најсилен интерес за него покажува Јувентус, а Алегри веќе имал разговор со напаѓачот.
ПСЖ е спремен да го продаде доколку пристигне добра понуда, а самиот Икарди преферира да се врати во Серија А.
Во последните денови се засилија шпекулациите дека Роналдо може да се врати во Реал Мадрид.