Ситуацијата е јасна, а тоа ни малку не и одговара на „Фуријата“.
Дерби натпреварот на вториот ден од Мундијалот го играат Португалија и Шпанија со почеток вечерва од 20:00 часот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Доколку сакавте вечерва да играте на победа на Шпанија прво прочитајте го овој податок.
Ждребот сакаше формален домаќин на оваа средба да биде Португалија, што значи дека Рамос и друштвото ќе мораат да настапат во резервната гарнитура на дресови во бела боја. Историјата покажува дека на Шпанците баш и не им оди кога се „гости“.
Шпанија на светските и европските првенства изгуби на последните шест натпревари во кои играше со резервната гарнитура. Црната низа започна во ¼ финалето на
Мундијалот во 1994 година (пораз од Италија), потоа продоложи во групната фаза во Франција (од Нигерија 2:3).
Потоа следуваше пораз токму од Португалија на Европското првенство во 2004 година, па бламажата од Холандија во Бразил, како и поразот од 2:1 од Хрватска пред две години и елиминацијата од Италија во 1/8 финалето на истиот турнир.
Прилика да стават крај на овој „малер“ ќе имаат вечерва.
Spain has lost the last 6 matches they have played in the World Cup & Euro Cup with white jersey & shorts: 1-2 Italy in the (World Cup 94), 2-3 Nigeria (World Cup 98), 0-1 Portugal (Euro'04), 1-5 Netherlands (World Cup'14), 1-2 Croatia (Euro'16) & 0-2 Italy in the Euro'16. pic.twitter.com/dbkiFMat5n
— MisterChip (English) (@MisterChiping) June 15, 2018