Јувентус во јануарскиот преоден рок ќе се обиде да се засили со напаѓач, а едно од имињата кои се поврзуваат со „старата дама“ е фудбалерот на Сасуоло Џанлука Скама.
Алегри нема дилеми и клубот од Торино активно ќе биде во потрага по засилување во офанзивната. „Газета дело Спорт“ пишува дека преговорите со Икарди и Обамејанг се тешки, па затоа Јувентус на „радарот“ го има и 22-годишниот Италијанец.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Скамака во Јувентус би пристигнал на позајмица со опција за откуп. Оваа сезона во Серија А Скамака постигна шест гола и е втор стрелец на Сасуоло. Јувентус игра сезона под очекувањата и со 34 бода е петтопласиран.