Дома Трансфер зона Ако не може Де Јонг, Јунајтед ќе се обиде со Касемиро?

Ако не може Де Јонг, Јунајтед ќе се обиде со Касемиро?

Maнчестер Јунајтед не може да пронајде адекватно засилување во финишот од преодниот рок, а сега ќе се обиде да го убеди Касемиро.

Френки Де Јонг неколку пати одби да премине во Јунајтед, Адриен Рабио е по реална опција и тој е навистина блиску до потпис, но не е доволен. Ерик Тен Хаг сака да го засили средниот ред, а „Марка“ пренесува дека Јунајтед е заинтересиран за Касемиро.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилецот е незаменлив во Реал од 2015 година кога го презема местото на Чаби Алонсо. Во Јунајтед се надеваат дека 100 милиони платениот Чуамени ќе се прикаже во добро светло, па Реал ќе му дозвол ида ја промени средината.

Конкуренцијата во средниот ред во Рал Мадрид е исклучително силна, тука се уште Камвинга, Валверде, Крос и Модриќ.

Тешко е да се верува дека Реал Мадрид ќе се откаже од Касемиро, но да го почекаме одговорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“ од Италија: Рома сака големо засилување од Јувентус

Eкипата на Рома предводена од Даниеле де Роси наводно покажала голем интерес за доведување…