Дома Трансфер зона Ако не може да игра во Италија, Ајакс ќе испрати понуда за Ериксен

Ако не може да игра во Италија, Ајакс ќе испрати понуда за Ериксен

Кристијан Ериксен нема намера после срцевиот удар да се откаже од професионалното играње фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Данецот колабираше во првото коло на Европското првенство кога Данска се сретна со Финска, а потоа следуваше борба на докторите за неговиот живот. За среќа на крајот се добро се заврши, а по паузата Ериксен денес и за првпат од тој момент се појави во тренинг центарот на Интер.

Меѓутоа по споменатиот случај на Ериксен му е вграден дефибрилатор кој го следи чукањето на неговото срце и поради тој уред не може да игра фудбал во Италија. Ако сака да игра повторно во Италија тој дефибрилатор мора да биде отстранет.

Но, ако не може во Италија, во Холандија нема таков проблем. Дејли Блинд има проблем со срцето па долго време на тој начин игра професионален фудбал. Медиумите во Холандија пишуваат дека Ајакс е спремен да испрати понуда до Ериксен ако тој не може да игра во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…