Дома Останати Ако мислевте дека Конор само си игра – погодивте!

Ако мислевте дека Конор само си игра – погодивте!

Ако бевте од оние кои прогнозираа дека Конор Мекгрегор само си игра и се обидува нешто да добие со објавата дека оди во пензија – погодивте!

Пред една недела Мекгрегор го изненади боречкиот свет кога на својот Твитер профил објави дека се повлекува од професионалните борби во октафон.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Еј момци, имам кратко известување. Одлучив да пензионирам од спортот формално познат како „мешани борби“. На сите мои стари колеги им посакувам да напредуваат. Сега им се придружувам на моите поранешни партнери кои се веќе во пензија“, гласеше тогашниот твит на Конор.

Оваа негова објава многумина ја сфатија како обид на Конор да добие подобра преговарчка позиција за новата победа, а тоа го потврди и првиот човек на УФЦ, Дан Вајт во изјавата која ја даде пред неколку дена.

„Не, тој всушност не е во пензија. Едноставно постојат некои работи кои Конор ги сака и мислам дека сака да се најде и да разговара лице во лице со мене. Ќе го одработиме тој разговор во идните недели и верувам дека ќе најдеме некое решение. Гледајте, се сомневам дека сме пружиле на друг борец респект, каков што му пруживме на него. Освен тоа заработи многу пари“.

„Преговорите застанаа кога тој бараше да биде дел од сопственичката структура на УФЦ. Но, погледнете ја ситуацијата во кошарката. Мајкл Џордан никогаш немал дел од НБА лигата, но и понатаму е симбол за ова натпреварување. Конор е многу вреден за овој спорт и за нашиот бренд, УФЦ. Ќе биде тешко, но мислам дека постојат и други начини да го направиме срќен. УФЦ ќе постои и после Конор Мекгрегор и после Дан Вајт и сите останати“, објасни Вајт неодамна.

Сега Конор на својот Твитер профил потврди дека не е пензиониран и најави нова борба во октагон. Дали тој разговор со Вајт бил одржан за Ирецот да го добие тоа што го посакува засега не е откриено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…