Дома Трансфер зона Ако Мбапе замине, ПСЖ ја купува ѕвездата од Премиер лигата

Ако Мбапе замине, ПСЖ ја купува ѕвездата од Премиер лигата

Француските медиуми објавија дека е голема веројатноста Килијан Мбапе да го напушти ПСЖ до крајот на летниот преоден рок.

Мбапе влезе во последата година од договорот со ПСЖ и одбива да ја продолжи соработката бидејќи сака да се пресели во Реал Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ се помири со фактот дека ќе го загуби Мбапе, па сака да избегне Французинот да замине без обештетување и очекува понуда од Реал Мадрид до крајот на преодниот рок.

Во ПСЖ работат на тоа да ангажираат негова замена доколку Мбапе си замине од клубот, а на листата со желби се наоаѓаат неколку играчи.

Француските медиуми утрово објавија дека прво име на списокот е ѕвездата на Евертон и бразилски репрезентативец Ричарлисон.

Нејмар сака да игра со својот сонародник, а цената на трансферот треба да изнесува 65 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…