Академија Пандев денес го потврди трансферот на централниот дефанзивец, Душан Јоковиќ.
Јоковиќ е поранешен млад репрезентавиец на Србија, а сега пристигнвуа во Струмица со цел да донесе цврстина во одбраната во новата сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Душан Јоковиќ е нов централен одбранбен играч на ФК Академија Пандев. Тој е поранешен играч на ФК Пролетер од Нови Сад , ФК Металац и поранешен репрезентативец на Србија У-21. Му посакуваме многу успех во нашиот клуб“, соопштија од таборот на „пандевци“.
Ако судиме според првиот натпревар во припремите на кој Академија Пандев го загуби со 1:6 од косовскиот шампион Балкани и тоа како се потребни засилувања во последната линија.