Шпанските медиуми се сигурни дека Реал Мадрид сака да се ослободи од Еден Азар, кој не ги оправда очекувањата на „Сантиаго Бернабеу“.
Азар пред две години пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ со големи очекувања и „кралевите“ за неговиот потпис на Челзи му платија 115 милиони евра, плус бонуси.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Кралевите“ не се задоволни од Азар за кој очекуваа да биде еден од предводниците на екипата кога го купуваа, но големиот број на повреди му ја уништи кариерата на Белгиецот.
Белгиецот сега е понуден на „црвените ѓаволи“, кои се заинтересирани да го донесат на „Олд Трафорд“.