Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Азар: Подобро пораз со Белгија отколку победа со Франција

Азар: Подобро пораз со Белгија отколку победа со Франција

Фудбалската репрезентација на Белгија го заврши својот настап на СП во полуфиналето, каде синоќа беше запрена од Франција.

Триколорите со голот на Умтити славеа со 1:0 и се пласираа во големото финале, а во поразениот тим уште еднаш најдобар беше капитенот Еден Азар, кој после натпреварот сепак беше задоволен и горд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Подобро што загубив со ваква Белгија отколку да победев со таква Франција. Тие се бранат цврсто и доста ефикасно, не им најдовме ниту една слаба точка. Ни требаше мал момент на магија да постигнеме погодок, но за ѓал го немаше.“ – изјави Азар и додаде:

„Видовме фантастичен белгијски тим кој е елиминиран од тим кој беше поцврст. Мислам дека можеме да бидеме горди на ова што го остваривме, без разлика на се. Како капитен, среќен сум што сум дел од овој тим.“

На Белгија и преостанува борбата за трето место, каде ќе игра против поразениот од дуелот Англија – Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…