Еден Азар веќе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а шпекулациите додатно ги засили неговиот татко Тиери Азар кој изјави дека неговиот син сонува да го облече „кралскиот“ дрес.
Челзи му нуди нов договор и сака да го задржи на „Стенфорд Бриџ“, а сега конечно и самиот Азар се огласи на таа тема и го демантираше својот татко.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мојот татко кажа некои лоши работи, разговарав со него. Јас сум фокусиран само на Челзи, имам договор на уште две години и среќен сум овде. Како што реков веќе десет пати: Сакам да ја завршам сезоната овде, а потоа ќе видиме“, изјави Белгиецот.
Азар во саботата само втор пат во последните девет натпревари остана цели 90 минути на терен. Конте го чува поради повредата која ја имаше Белгиецот.
„Ни самиот не бев сигурен дека сум конечно спремен, но сега навистина сум. Убаво е да се биде на терен цел натпревар, се трудам и работам многу“, прокоментира Азар.