Трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид е само прашање на време, а Белгиецот веќе пристигна во Шпанија каде се одмара после долгата сезона.
Азар постигна договор со „кралевите“, јавно ја откри својата намера да ја промени средината, па сега чека клубовите да ги договорат последните детали околку трансферот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред неколку дена медиумите открија дека двата клуба се договориле за трансфер тежок 115 милиони фунти, но Челзи се обидува да извлече повеќе пари од Реал така што ќе вметне неколку клаузули во договорот.
Денес Белгиецот пристигна во Марбеља, каде се одмара од долгата сезона и чека повик да дојде во Мадрид да го потпише договорот со Реал Мадрид. Таму Азар беше пресретнат од фанови на Реал кои побараа од него да се потпише на „кралскиот“ дрес.
Реал брза да го договори трансферот до 7-ми јуни, кога ќе биде официјалното претставување на новиот дрес за следната сезона.
Eden Hazard on holiday in Marbella holding a Real Madrid shirt. (Source: Daily Mirror) pic.twitter.com/lFfA0oZY9r
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 31, 2019