Реал Мадрид сака да се ослободи од Еден Азар, кој исто така е спремен да ја промени средината во зимскиот преоден рок.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Азар одбил да се пресели во Њукасл, и покрај фактот што Реал ја прифатил понудата на „чавките“ од 33 милиони фунти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што пренесува „Национал“, Азар е спремен да ја прифати понудата на Јувентус и да се прсели во Серија А.
„Старата дама“ сака да го донесе Белгецот на позајмица со право на откуп по завршувањето на сезоната доколку обезбедат пласман во Лигата на шампиони.
Азар во 2019 година за 115 милиони евра пристигна во Реал Мадрид, но поради големиот број на повреди никогаш не ги оправда очекувањата.