На повидок интересен трансфер.
Фудбалскиот клуб Лестер мора да се помири со фактот дека на лето ќе остане без најдобриот играч, Ријад Марез.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Алжирецот оваа зима беше блиску до заминување и праваше се за да издејствува т рансфер, Пеп Гвардиола во последниот ден од преодениот рок испрати понуда од 90 милиони евра, но Лестер не попушташе и бараше сума од 90 милиони евра.
Марез одговори со бојкот, не се појави на следниот тренинг поради што доби казна поради кршењето на дисциплината и јасно е дека сега се чека само летото за негово заминување.
Според англиските медиуми Лестер му подготвил и замена, а судејќи според се тоа ќе биде помалку познатиот брад на ѕвездата на Челси, Торган Азар.
Тој веќе неколку сезони игра на високо ниво во Борусија Менхенглдабах, а повик од Премиер лигата е тешко да се одбие.