Дома Топ вести „Адидас“ го носи Меси во Серија А

„Адидас“ го носи Меси во Серија А

Лионел Меси ова лето сакаше да ја напушти Барселона, па најверојатно Аргентинецот ја игра последната сезона на „Камп Ноу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Главен фаворит за потписот на Меси е Манчестер Сити, а компанијата „Адидас“ бара начин како да го донесе Аргентинецот во Серија А.

Меси е заштитно лице на „Адидас“ па компанијата сака да го донесе во клуб кој има договор со таа компанија, а во пол-позиција е италијански Јувентус.

„Старата дама“ е спремна да се ослобиди од Роналдо, кој годишно заработува 31 милион евра, и со помош на „Адидас“ да го донесе Меси така што ќе му понуди 40 милиони евра по сезона.

Планот е 25 милиони евра да ги дава Јувентус, а останатите 15 да ги обезбеди компанијата „Адидас“.

Иста толкава сума нуди и Манчестер Сити,кој е во предност поради добриот однос меѓу Гвардиола и Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…