Дома Македонски спорт Адеми не кажа „збогум“: Динамо објави големо видео-интервју! 🎥

Адеми не кажа „збогум“: Динамо објави големо видео-интервју! 🎥

Хрватскиот гигант, Динамо Загреб во голем стил се прости од Аријан Адеми кој по 13 години ги напушти „модрите“ и продолжува во Кина, во тимот на Пекинг Гуан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Адеми по вечерашниот натпревар против Малта ќе се упати за Кина каде што треба да биде промовиран. Динамо објави специјално видео посветено на својата легенда. Во видеото Адеми зборува и за некои моменти од неговата кариера, а најтежок како што е познато е допинг аферата.

„Беше навистина голем шок за мене. Тогаш бев со репрезентацијата, ме повика селекторот и ми ги кажа тие ужасни вести. Тоа беше најтежок период во кој морав да се борам да ја докажам вистината. Паузирав цели две години и се вратив во натпреварот Македонија – Лихтенштајн кога и постигнав гол.

Адеми во видеото откри и дека посакува да се врати некогаш во Динамо како тренер.

„Се надевам како тренер на Динамо еден ден ќе освојам европски трофеј“, истакна популарниот Аки.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ НА АДЕМИ:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Жиру не мисли на пензија: На 40 години потпишува за нов клуб!

Легендарниот француски напаѓач Оливие Жиру во септември ќе наполни 40 години, но и покрај …