Дома Фудбал Репрезентации Адама Траоре доби репрезентативен повик, но не од Шпанија

Адама Траоре доби репрезентативен повик, но не од Шпанија

Aдама Траоре е играч за кој се пишува во последно време, тој сега доби повик од селекторот на Мали за пријателски натпревари.

Траоре играше за младинските категории на Шпанија, држава во која е роден и во која растеше. Два пати доби повик во сениорската репрезентација, но се уште не забележал официјален настап па може да ја промени репрезентацијата и да заигра за Мали од каде што му потекнуваат родителите.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во 2019 година мораше да го откаже настапот за Шпанија поради повреда, а пред два месеци не можеше да помогне бидејќи беше позитивен на Ковид-19. Сега од Мали го повикаа за пријателските натпревари со Гана и Иран.

„Чест ми е што ме сакаат две репрезентации“, изјави 24 годишниот Траоре, но на повикот од Мали се уште не се јавил. За младата репрезентација на Шпанија одигра два натпревари, а 10 пати го носеше дресот на јуниорската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …