Серхио Агуеро минатата недела и официјално ја заврши играчката кариера.
Аргентинскиот напаѓач поради здравствени проблеми беше приморан да се прости од играњето фудбал и тоа тешко му падна. Агуеро имаше срцеви проблеми и доби совет од докторите да се повлече, а минататан едела на прес-конференција тоа и официјално го соопшти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако и официјално објави крај на кариерата Агуеро со својата девојка Софија отпатува во Аргентина каде што се наоѓа во овој момент и го надополнува изгубеното време.
На социјалните мрежи Агуеро покажа дека ужива во друштво на неговото семејство, но и дека е мајстор за скара. Исто така тој посети неколку интересни локации во Буенос Аирес.