Јаја Туре следната сезона дефинитивно нема да игра за Манчестер Сити.
Туре нема да го продолжи договорот си Манчестер Сити и ова лето ќе ја заврши својата осумгодишна ера на Етихад, но тоа нема да значи крај на неговата кариера.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако е при крајот на неговата кариера, Туре има намера да продолжи да игра, а најверојатно ќе остане во Премиер лигата.
„Јаја е фит и не може да дочека да докаже дека и натаму е најдобриот везен играч во ПЛ. Бидејќи Брегот на Слоновата коска нема да биде на СП, тој ќе биде максимално спремен за следната сезона.“ – кажа неговиот агент и додаде:
„Тој би сакал да прифати едногодишна понуда за да остане во ПЛ. Доколку клубот не биде задоволен од неговите игри, Јаја ќе ги врати половина од своите примања во клубот. Дури и клубот може да го раскине договорот со него.“
Туре од Манчестер Сити заминува како еден од најголемите играчи во историјата на овој клуб. Освои три Премиерлигашки трофеи, ФА Куп, два Лига купа и еден Суперкуп.