Тоа што го најави „Газета дело Спорт“ сега доби и потврда, Милан договори нов голман за следната сезона.
Станува збор за Мајк Мањан, 25- годишен француски голман кој брани во Лил, и кој оваа сезона е избран за најдобар во Лига 1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан ја победи конкуренцијата и постигна 5-годишен договор со голманот, а на Лил ќе му плати 15 милиони евра за неговиот потпис.
Донарума одолговлекува и не сака да стави потпис на нов договор тежок 8 милиони евра по сезона, па Милан мораше да бара нов голман. Наводно „росонерите“ му дале ултиматум од 15 дена на Донарума и доколку не потпише ќе го официјализираат трансферот на Мањан.
Денес и менаџерот на францускиот голман потврди дека преговорите со Милан се во завршна фаза.
„Мајк ќе биде одлична замена за Донарума. Тој е одличен голман и сака да направи чекор напред во кариерата. Сметам дека Милан ќе биде одличен избор за него“, истакна агентот.