Антони Марсијал не е задоволен од својот статус во Манчестер Јунајтед и сака да ја промени средината во зимскиот преоден рок.
Французинот не добива голема минутажа на „Олд Трафорд“ и не сака повеќе да ја грее клупата, па поради тоа официјално побарал трансфер од раководството.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Антони сака да го напушти клубот во јануари. Едноставно, тој сака да игра повеќе. Наскоро ќе разговараме со раководството“, изјави агентот на Марсијал.
Интерес за Французинот покажуваат Барселона, Јувентус, Арсенал и Тотенхем, но „црвените ѓаволи“ не сакаат да го пуштат во конкурент од Премиер лигата.
26-годишниот напаѓач има договор со „црвените ѓаволи“ до јуни 2024 година, а може да замине на позајмица со право на откуп за 40 милиони евра.
Anthony Martial wants to leave Man United in January, his agent Philippe Lamboley told @SkySportsNews: “Anthony wishes to leave the club in January”. 🔴 #MUFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 10, 2021
“He just needs to play. He doesn’t want to stay in January and I will speak to the club soon”. pic.twitter.com/R4e5C8T96T